ВИДЕО | Исповед на Лук Комбс за менталното здравје: „Борбата со ОКП е исцрпувачка битка со самиот себе“
Американскиот пејач Лук Комбс детално објасни колку може да биде исцрпувачка менталната борба кога човек има опсесивно-компулсивно нарушување. Во епизода од поткастот „On Purpose with Jay Shetty“, пејачот зборуваше за проблемите со менталното здравје низ годините.
Препорачано
Дополнителен проблем, како што вели, му е континуирано претераното размислување за одредена тема, настан или емоција. Она што многу луѓе го сметаат за предизвик е што овие мисли обично траат без никаков заклучок. Комбс истакнува дека тоа го доживува речиси цел ден.
„Од отворање на очите до нивно затворање навечер, размислуваш за тоа нешто и тоа ти предизвикува огромна анксиозност и ментална мака затоа што се обидуваш да најдеш одговор на неразјаснето прашање. Страшно е. Имам наметливи мисли за извршување на насилство врз некого и тие ми предизвикуваат стрес. Потоа размислувам што тоа зборува за мене. Следниот ден размислувам, а што ако сум шизофрен, а да не знам? Целосно си во паника и опседнат со тоа“, раскажува Лук.
Комбс вели дека тие мисли кои го мачеле во моментот, можат одеднаш да исчезнат и дека најчесто е смешно што се грижел за тоа.
„Мислиш дека беше толку глупо, зошто трошев три месеци од својот живот да се стресувам за тоа. Кога си во тоа, немаш способност да го исклучиш. Твојот мозок постојано те бомбардира со тие чувства на живот или смрт. Речиси цело време си помеѓу борба и бегство и тоа едноставно е исцрпувачко. Толку се ментално исцрпуваш кога водиш битка со самиот себе“, истакна пејачот.
Тој додава дека е благодарен што поминал низ сето тоа, бидејќи станал подобра личност и добил можност да го разбере својот ум. Сега, како што тврди, има алатки и знаење за да се бори против својот ОКП кога работите стануваат тешки.
„Знам што е лошо. Бев на дното во својата глава. Сè уште имам склоност да одам таму ако некои работи се поклопат и ако имам ОКП момент. Тие моменти се ретки и многу пократки отколку порано. Повеќе не се плашам од тие моменти“, открива Лук.
Следниот албум на Комбс, „The Way I Am“, ќе биде објавен на 20 март, и ќе вклучува песни како „Back in the Saddle“, „Days Like These“ и „Sleepless in a Hotel Room“.


