Анета Атанасовска-директорка на Занаетчиска комора/ Фото: Слободен печат/ Методи Здравев

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ| Атанасовска: Занаетчиската комора има 2.900 членови, но само мал дел се стари занаети

„Слободен печат“ во поддршка на старите занаети од Скопската чаршија. Преку интервјуа со занаетчиите ќе се обиде да ги спаси од заборав, да ги запозне младите генерации со традицијата која со векови се одржува во Чаршијата. Можеби прилозите ќе бидат поттик за некој млад човек некој занает да го одбере за своја идна професија и со тоа да ја продолжи традицијата. Со тоа ќе ги спаси дуќаните од трајно затварање. Серијалот го затвараме со Анета Атанасовска, извршна директорка на Занаетчиската комора Скопје.

Со неа разговаравме околу постоењето на Комората, околу тоа колку е одржливо спасувањето на занаетите и дали традицијата продолжува.

Занаетчиска комора/ Фото: Слободен печат/ Методи Здравев

-Занаетчиската комора постои веќе 90 години и по традиција ги поддржува занаетчиите на територија на град Скопје. Навистина ни е драго што еден медиум како вашиот направи успешен проект со кој ги поддржа занаетчиите. Комората брои 2.900 активни членови. Дел се занаетчии, дел се во услужна дејност, дел уметнички ракотворби. Тоа се активни бизниси, вработени лица, цели семејства- вели Атанасовска.

Таа објаснува дека полека згаснува занаетчиството. Се радуваат  како Занаетчиска комора на секој занаетчија кој оди во пензија, а бизнисот го пренесува на син, внук, ќерка или некој од потесното семејство.

Занаетчиска комора/ Фото: Слободен печат/ Методи Здравев

– Но ова е се поретко и тоа е реалноста со која треба да се соочиме. Бараме решенија, одредени занаети кои ни се неоходни да ги задржиме. Младите бираат други дејности за работа. Но податокот дека многу ученици се запишаа во стручните училишта секако не радува. Тие го заменија гимназиското образование со стручно. Очекуваме стручното образование да го врати стариот сјај- вели директорката.

Комората има весник „Занаетчија“ кој се доставува до сите членки електронски.

– Сите новитети се испраќаат. Комуницираме и преку социјални мрежи, но и лично ги примаме за правни совети, регистрации. Ние сме во услуга на занаетчиите, за нив работиме, им помагаме за законска регулатива. Организираме и мајстрорски испити – вели Атанасовска.

Таа објаснува дека има огромен дефицит на работа сила. Ако пекарот порано имал неколку подружници, сега нема работници и ги затвара една по една.

– За жал многу голем дел од дуќаните во Старата чаршија згаснаа и нема голем број на занаетчии. Се надевам дека со вакви серијали ќе се врати духот на Чаршијата во делот на занаети. Во вашиот серијал беа снимени последниот ковач, часовничар и сите тие се наши членови- вели директорката.

Таа се обраќа и ги охрабрува сите кои сакаат да се квалификуваат и да се доквалификуваат дека Комората има програми за 15 професии. Има и образование за возрасни, но важно е младите да се вклучат во занаетчиството.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го тука: 

ВИДЕО/ Агуши: Старите јоргани не се фрлаат, тие се оставаат во наследство

ВИДЕО| Матоши: За зет и невеста изработив чевли во стил на Ал Капоне и Бони Клајд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот