ВИДЕО/ Агуши: Старите јоргани не се фрлаат, тие се оставаат во наследство

Нусрет Агуши- јорганџија/Фото: Методи Здравев

„Слободен печат“ во поддршка на старите занаети од Скопската чаршија. Преку интервјуа со занаетчиите ќе се обиде да ги спаси од заборав, да ги запозне младите генерации со традицијата која со векови се одржува во Чаршијата. Можеби прилозите ќе бидат поттик за некој млад човек некој занает да го одбере за своја идна професија и со тоа да ја продолжи традицијата. Со тоа ќе ги спаси дуќаните од трајно затварање.

Нусрет Агуши е јорганџија. Петнаесет години професионално се занимава со изработка на јоргани. Вели дека многу тешко се опстојува. Оваа професија не е семеен бизнис, влегол сосем случајно во неа и работи веќе долги години.

– Јорганџиството не е семеен бизнис, влегов како мал во овој занает, условите за работа се катастрофални. Веќе луѓето не го ценат традиционалното, приоритет даваат на увезеното. Традицијата мора да се одржува- вели Аѓуши.

Според него соработката со Еснафот мора да се одржува, бидејќи тоа е единствен начин да функционира Скопската чаршија.

– Не знам дали некој ќе ме наследи, катастрофални се условите во земјава. Апелирам до граѓаните ако имаат јоргани со памук и волна да не се фрлаат да ги донесат за да се преработат и од стари ќе имаат нови јоргани. Се се менува само полнењето останува- вели Агуши.

Според него синтетиката не грее, природниот јорган е наследство не се фрла.

– Традицијата изумира, имаме „Јорганџиска улица“ во Старата чаршија, порано беа 30 дуќани, сега се само два. Се реставрираат и перници полнети со памук. Занаетот нема граница, без разлика колку години и да имаш постојано учиш- вели Нусрет.

Машината на која работи е стара 35 години, наследство е од човекот кој му го предал занаетот. За Слободен печат вели дека за еден јорган потребна е една недела.

-Се мислам како да го продолжам занаетот. Повик до младите да дојдат да видат како се работи, засега нема никој заинтересиран. Самите гледаат деке е тешко за опстанок- вели јорганџијата.

Постапката како се прави еднен јорган и целото интервју гледајте во видеото на колешката Агнеса Чаволи:

Утре гледајте го видеото за еден од последните занаетичии кој рачно изработува чевли- Ќазим Матоши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот