ВИДЕО| Матоши: За зет и невеста изработив чевли во стил на Ал Капоне и Бони Клајд

Ќазим Матоши-чевлар/ Фото: Методи Здравев/„Слободен печат“

„Слободен печат“ во поддршка на старите занаети од Скопската чаршија. Преку интервјуа со занаетчиите ќе се обиде да ги спаси од заборав, да ги запозне младите генерации со традицијата која со векови се одржува во Чаршијата. Можеби прилозите ќе бидат поттик за некој млад човек некој занает да го одбере за своја идна професија и со тоа да ја продолжи традицијата. Со тоа ќе ги спаси дуќаните од трајно затварање.

Фото: Ќазим Матоши Методи Здравев/„Слободен печат““

Ќазим Матоши е чевлар. Во Старата скопска чаршија работи повеќе од 50 години. За чевларскиот занает се определил поради помалите браќа, работеле на друго место. Вели дека наместо работници, ги направил сопственици на свој дуќан. За „Слободен печат“ вели дека рачната изработка на чевли е тешка и  долготрајна, се прави по мерка само за твојата нога. Наследник нема, вели дека тој што сака рачна изработка на чевли не купува кај нив туку во Италија.

-Занаетот е тежок и полека се губи. Пропаѓа полека поради ниските цени на она што е увезено,  но и поради немањето на луѓе, никој не сака да работи, увозот е голем, Кина е проблем, се носи евтино, никој не гледа квалитет- вели Матоши.

Почетоците во овој занает му биле после гимназија.

-Имав двајца браќа кои работеа како чевлари на друго место. Помлади беа од мене и затоа се вратив да работиме сами за себе. Потоа се запишав на дизајн во Истамбул, земав сертификат после една година. Од 1976 до 2000 година беше златно време за Чаршијата, за производството на чевли. Произведовме разни видови на чевли, не се брои, се што сме виделе сме копирале и сме направиле. Нема бројка- вели Матоши.

Процесот на производство вели дека е многу тежок на почеток, прво се црта чевелот, се прави мустра. Потоа се бира кожа која се крои кожа, се крои и поставата, се шие, се монтира. Чевларството е наука, уметност објаснува Ќазим.

-Нови генерации нема, нема зошто и да има. Еден пар чевли да направам мене ќе ме чини 25 до 30 евра. Јас треба да ги продадам 40 или 50 евра. Ако кажам 50 евра муштеријата ми вели дека ќе купи 10 пара на пазар. Но има и такви кои се разбираат што е квалитет. Но и тие не нарачуваат. Тој што знае што е квалитет оди во Грција и Италија и таму купува.

Матоши вели дека кожата со која работат е многу квалитетна и трае долго. Поради немањето интерес сега веќе и не следи трендови, не произведува само продава кожа.

– Во години сум, 73 години имам. Имам наследници, но не работат како чевлари, имам син петто дете, но тој е студент и не сака да работи. Порано невести и зетови доаѓаат да изработат чевли. Сите бараа нешто посебно. Дојде еден пар, бараа чевли за свадба. Правеа свадба во Охрид сака чевли во стилот на Ал Капоне и Бони Клајд. Ги направивме секако. Најомилен период во кариерата ми се осумдесетите години, од 1980 до 2000 година. Имаше многу работа  требаше само желба да се има. Тоа беше златно време за сите занаети- вели Матоши.

Матоши вели дека за ништо не би го менувал неговиот живот, ниту професијата.

-Да имам повторно 30 до 40 години пак би бил чевлар и да го вратам животот назад пак би бил ова што сум- вели Ќазим.

Постапката како се прават рачно изработени чевли и интервјуто на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете го тука: 

Во петок очекувајте го видеото за последниот кројач на машки костуми Селајдин Мани.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот