ВИДЕО ИНТЕРВЈУ| Хаџи: Турците го измислија локумот, ние го усовршивме рецептот и сега им го извезуваме

Шенол Хаџи- Ригара/ Фото: Методи Здравев

„Слободен печат“ во поддршка на старите занаети од Скопската чаршија. Преку интервјуа со занаетчиите ќе се обиде да ги спаси од заборав, да ги запозне младите генерации со традицијата која со векови се одржува во Чаршијата. Можеби прилозите ќе бидат поттик за некој млад човек некој занает да го одбере за своја идна професија и со тоа да ја продолжи традицијата. Со тоа ќе ги спаси дуќаните од трајно затварање.

Шенол Хаџи е сопственик на најстарата слаткарница во Скопската чаршија „Ригара“. Занаетот го наследува од татко му. Татко му го наследил од дедо му, тој пак од неговиот дедо. Нема скопјанец кој не ги пробал нивните „падобранци“. Странците се редовни гости, а слаткарницата е иста повеќе од 50 години.

Шенол Хаџи- Ригара/ Фото: Методи Здравев

– Ние сме веќе слаткари над сто години, можеби и двеста. Слаткарница „Ригара“ постои од седумдесетите години, од дедо ми, значи мојот дедо го започнал бизнисот. Слаткарницата е отворена 1971 година, мислам, не сум сигурен, можеби и 1969 тогаш не сум бил тогаш роден. Јас сум веќе трето колено тука, дај боже да имаме понатаму и четврто и петто. Татко ми е веќе за пензија, така да ние го превземаме сега дуќанот и продолжуваме со традицијата- вели Хаџи.

„Падобранците“ се нивниот специјалитет, значи од кога постои слаткарница „Ригара“, тоа е најпознато слатко кај нив. Се прави со ореви, тие го прават традиционално, со чисти ореви.

Шенол Хаџи- Ригара/ Фото: Методи Здравев

-Се пече тесто во форма на кругови, внатре помеѓу, се става ванила крем. Процесот е следен: се меша целата смеса за колачи, се вари, па се лади, па се става на хартија, во тепсија, па тоа се пече, се лади и со крем од ванила, се филуваат. На крај се добиваат познатите „падобранци- вели Хаџи.“

Тој објаснува дка се враќаат старите рецепти, старото „фигро“ со карамел, обланда со фил со лешници, локум.

-Локумот го извезуваме во Турција, тие велат ние го измисливме вие ни го продавате на нас. Имаме „трилече“, „кадаиф“. Исто има баклава, обланда со јаткасто овошје, витаминска бомба. Со чичко ми е дуќанот. Знам да спремам орасници, падобранци, се што има знам да го направам. Има боза сладоледи, лимонада. Бомбиците на „Ригара“ од минатото, се ставаа во чоколадо и се оставаа да се исушат. За сите сладокусци- вели Хаџи.

Енетериерот во слаткарницата внатре е класичен, останат одамна. Сакале да реновираат, но од град Скопје им рекле дека треба да остане автентично. Откако е отворена „Ригара“ ништо не е сменето.

Шенол Хаџи- Ригара/ Фото: Методи Здравев

-Шест вработени сме во моментов. Секојдневно од двајца до четворица за изработка на слатки. Чираци ретко имаме, нема некој кој сака да го учи занаетот, сега за сега има добра екипа. За сите кои сакаат да го работат слаткарскиот занает, треба да го работат и стоиме на располагање вели Хаџи.

Целото интервју на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете го овде: 

Во среда очекувајте го интервјуто со калиграфката Семра Рашити, една од ретките жени која е сопственик на дуќан во Старата скопска чаршија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот