Екрем Незири- бојаџија/Фото: Методи Здравев

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Незири: Омилената маица добива нов живот откако ќе ја донесете на фарбање

„Слободен печат“ во поддршка на старите занаети од Скопската чаршија. Преку интервјуа со занаетчиите ќе се обиде да ги спаси од заборав, да ги запозне младите генерации со традицијата која со векови се одржува во Чаршијата. Можеби прилозите ќе бидат поттик за некој млад човек некој занает да го одбере за своја идна професија и со тоа да ја продолжи традицијата. Со тоа ќе ги спаси дуќаните од трајно затварање.

Екрем Незири е бојаџија. Тоа е една од најстарите и први работилници за боење. Во Старата скопска чаршија тој е од дете прво како ученик, после чирак, калфа и на крајот како сопственик на дуќанот. „Хембој“ фарба секакви видови материјали, волнени, платнени, свилени и памучни работи.

Екрем Незири- бојаџија/Фото: Методи Здравев

-Оваа работа како што ја гледате, ја работел порано татко ми, исто така пред татко ми,овде бил друг бојаџија Љупчо. Бојаџиеви беа тие порано. Татко ми беше како дете тука, од седум години, тој тука работел како чирак, во самата работилница. Тој сега би имал 74 години, но починат е. Според она што го кажуваше татко ми овој дуќан постои над сто и дваесет години и повеќе, и ништо не е сменето во него- вели Незири.

Според него овде се сменети многу занаети, но, во неговиот дуќан не е сменето ништо. Тој е во дуќанот над 50 години, а за занаетот вели дека е многу тежок.

– Татко ми не ми дозволуваше да го работам овој занает бидејќи многу беше тежок. Се работеше на висока температура, со топла вода, со хемикалии, не сакаше да ме пушти, но проблемот е кога влегов во работилница, почнав да гледам како се работи и видов дека овој занает ми лежи на душа и останав овде- вели Незири.

Екрем Незири- бојаџија/Фото: Методи Здравев

Почнал да фарба и облека. Тоа било многу специфично, потешка била работата, зошто требало да се комбинираат боите, нијансите. Сега има педесет и осум години, има два сина, а поголемиот син сака да го наследи.

– Нема работа како порано, тогаш имаше многу работа. Имаше волнени работи, од села ми доаѓаа многу муштерии, но сега волната ја нема. Не работиме веќе со волнени работи, фарбаме текстилни работи, маици, пантолони. Имаме муштерија што има некоја омилена маица, блуза или пантолони кои не сака да ги фрли им ја менуваме нијансата на бојата или ја освежуваме бојата- вели Незири.

Тој објаснува дека процесот на фарбање е различен. Сега фарбаат и кожни јакни, мантили, ташни, патики, кондури- вели бојаџијата.

Тој нема чираци, нема ученици. Чаршијата порано се отварала во шест наутро, а сега се оставара во девет-десет.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи и постапката како се фарба текстил погледнете го овде:

 

Во среда очекувајте ја Берна Мусли, единствената жена која има кафетерија во Старата скопска чаршија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот