ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Мусли- единствената жена сопственик на кафуле во Старата скопска чаршија
„Слободен печат“ во поддршка на старите занаети од Скопската чаршија. Преку интервјуа со занаетчиите ќе се обиде да ги спаси од заборав, да ги запозне младите генерации со традицијата која со векови се одржува во Чаршијата. Можеби прилозите ќе бидат поттик за некој млад човек некој занает да го одбере за своја идна професија и со тоа да ја продолжи традицијата. Со тоа ќе ги спаси дуќаните од трајно затварање.
Препорачано
Берна Мусли единствена жена сопственик на кафулето „УД“ во Старата скопска чаршија. Иако е новинар по професија, а студирала и криминалистика решила професијата да ја замени со сопственост на кафуле во Старата чаршија. Идејата за отварање на кафуле ја добила во Истанбул, бидејќи Македонците се љубители на кафе, а таа има волја и желба да прави кафиња.

-Ние како народ, зависни сме од кафе, ние последниот денар го даваме за кафе. И знаеме да си правиме ќеф на душата. Ќеифчии сме, сакаме да уживаме во кафето- вели Мусли.
На прашањето како е да си женско во Старата скопска чаршија, како е жена да води едно кафуле, Берна вели дека сите на почеток и велеле дека е можно да не може да опстане во Чаршија, затоа што тоа е природна средина на мажите.

-Ми велеа овде владеат мажите, занаетчии, еснафи, но јас знаев дека без ризик нема успех, и тоа што мислев го направив, не се поколебав и моментално сум тука во Старата скопска чаршија каде се чувствувам како дома- вели Мусли.
Нејзината приказна започнува во Истанбул, таму била на студии.
– Така некако ми се отвори пат да имам и таму кафуле, додека студирав. Ова го правам реално со мерак, иако по професија сум новинарка, имам завршенп и криминалистика тука, но ете, тоа го правам од душа. Почнав со чираклук, ме научија како да правам кафе, како се пече кафе, колку грама треба за еспресо, колку грама треба за турско кафе и скоро шест години имам искуство- вели Берна.
Еснафите ја прифатиле како дел од нив, како единствена девојка тука што има кафуле.

-Мислам дека ме сакаат, ме почитуваат и ми помагаат за било што. Сакам да започнам нешто ново, некоја нова култура, значи луѓето да дојдат да пијат кафе половина част, максимум час, со едно еспресо да не се седи по кафулињата со часови- вели Мусли.
Целото интервју на нашата колешка Агнеса Чаволи и приказната на единствената жена сопственик на кафуле погледнете ја тука:


