Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Инфлуенсер прескокнал ограда и влегол во кафезот на слонот: За малку ќе загинел, а го чека и сериозна казна

Младиот инфлуенсер Ноа Томас (19) се соочува со законски последици откако прескокнал ограда и влегол во просторот со слон во зоолошката градина во Питсбург. Инцидентот се случил на 21 септември во „Pittsburgh Zoo & Aquarium“, а снимка што Томас ја споделил на ТикТок го прикажува како прескокнува ограда и се приближува до голема преграда зад која се наоѓа слонот.

Животното му се приближило, а во еден момент се обидело да го допре со сурлата, додека тој инстинктивно се повлекол назад. По краток „перформанс“, Томас повторно ја прескокнал оградата, додека изненадените посетители го гледале целиот настан.

„За малку бев слонова храна“

Во описот на сега избришаната објава на Инстаграм, Томас го опишал инцидентот како момент кога „за малку ќе станев храна на слонот“.

Обвинувања: загрозување, суровост кон животните и кражба на услуги

Сепак, властите го сфатиле неговиот „подвиг“ многу сериозно. Според официјалните записи на полициската управа на Питсбург, Томас се соочува со низа обвинувања, меѓу кои, кривично дело од трета категорија за предизвикување или ризик од катастрофа, незаконско влегување, прекршоци од втора категорија за агрозување на друга личност, суровост кон животните, како и кражба на услуги, бидејќи влегол во зоолошката градина без платена влезница.

Обид за влез преку „привремен излез“

Според кривичната пријава Томас и една неименувана жена влегле во зоолошката градина преку привремен излез што се користи за време на реновирање. Неколку посетители го пријавиле инцидентот на вработените, а обезбедувањето наскоро го лоцирало парот во делот со аквариумите, тие веднаш бие изнесени надвор.

Според последните информации, Томас сè уште не се предал на полицијата, а ниту тој ниту неговите претставници не одговориле на барањата од медиумите за коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот