ВИДЕО: Инфантино однапред му го честиташе новиот мандат на Сејдини!

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Фудбалската федерација на Македонија објави обраќање на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино по повод Редовното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

Првиот човек на светскиот фудбал однапред му го честиташе новиот мандат на Муамед Сејдини како единствен кандидат номиниран за функцијата претседател на ФФМ.

Тој не можеше да присуствува на Изборното собрание, моментно е во Мароко за Конгресот на Африканската фудбалска конфедерација, но со срцето е тука со челниците на македонскиот фудбал.

– Драг пријателе, ти честитам однапред. Одлично ја работиш работата и се разбира дека ќе продолжиш така со својот тим, да работиш одлично и во иднина – се дел од зборовите на Инфантино кој воедно го честиташе пласманот на нашата А репрезентација на Европското првенство.

Во продолжение можете да ја погледнете целата видео порака на Инфантино:

АМС уште еднаш потврди дека не го признава реизборот на Сејдини за претседател на ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот