АМС уште еднаш потврди дека не го признава реизборот на Сејдини за претседател на ФФМ

фото: АМС

Агенцијата за млади и спорт уште еднаш соопшти дека нема да ги признае резултатите од Изборното собрание на ФФМ кое ќе се одржи утре и нема да има свој претставник на истото.
АМС потенцира дека ФФМ продолжува да функционира спротивно на Законот за спорт и одбива да ги усогласи актите во согласност на истиот закон.

На собранието се очекува Муамед Сејдини да добие нов мандат бидејќи е единствен кандидат за претседател кој се уште молчи по жестокиот напад на капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, дека сакал да го смени селекторот Игор Ангеловски по натпреварот во Израел.

Соопштението на АМС ви го пренесуваме во целост:

Почитувани,
Ја известуваме јавноста дека Агенцијата за млади и спорт нема да ги признае резултатите од Изборното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) коешто ќе се одржи утре и нема да учествува со свој претставник.

АМС како единствено владино тело коешто е надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за спорт, веќе подолго време бара усогласување со Законот за спорт, а ФФМ и покрај бројните укажувања, продолжува да функционира спротивно на законот и позитивното право во државата.

ФФМ подолг период ги игнорира и одлуките на надлежните институции и продолжува со непочитувањето на Законот за спорт и покрај инистирањето на АМС.

Иако се покренатите институционални и судски постапки, ФФМ продолжува да функционира и да делува спротивно на Законот за спорт и позитивното право во државата.

Имајќи предвид дека мандатите на делегатите, комисијата за избори, претседателот и членовите на УО на ФФМ, истекуваат на 17.02.2021 година, АМС известува дека нема да биде признаен незаконски избор на делегати од ОФС, како и избор на тела во ФФМ.
– Законот за спорт важи за сите подеднакво и сите учесници се должни да го почитуваат.
– Имаме поддршка од поголемиот број на клубовите од прва и втора лига за доследно почитување и примена на Законот за спорт.
– Напредокот на спортот е возможен само со заеднички напори и почитување на законските регулативи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот