Максим Наумов ЗОИ 2026 - Фото: Инстаграм/МаксимНаумов

ВИДЕО | Им ја посвети Олимпијадата на загинатите родители: Гестот на Максим Наумов го расплака светот на ЗОИ 2026

Американскиот лизгач со руско потекло,Максим Наумов, со еден гест на Зимските олимписки игри 2026 предизвика силни емоции кај публиката ширум светот. Годинава тој ги претставува Соединетите Американски Држави во уметничко лизгање, но малкумина очекуваа дека ќе приреди толку трогателен момент.

Максим Наумов ЗОИ 2026 – Фото: Инстаграм/МаксимНаумов

Откако го заврши својот впечатлив настап, 24-годишниот Максим им оддаде почит на своите родители, кои минатата година трагично го загубија животот во авионска несреќа.

Максим Наумов ЗОИ 2026 – Фото: Инстаграм/МаксимНаумов

Неговите родители, Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, беа поранешни светски шампиони во уметничко лизгање. Непосредно пред неговото деби, на екранот во „Milano Ice Skating Arena“ се појави пораката:

„Мамо и тато, ова е за вас“.

По брилијантниот настап, Максим покажа заедничка фотографија со нив, погледна кон небото и рече:

„Видете што направивме“.

Иако во Милано пристигна како целосен аутсајдер, Наумов освои 85.65 поени и го зазеде 12. место, резултат што за него има многу поголемо значење од самата позиција.

„Тие ми се инспирација уште од првиот ден кога застанавме заедно на мразот“, изјави Максим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот