ВИДЕО I Петта ноќ протести низ Албанија: Раперот Стреси кажа како избега од стотиците полицајци кои трагаа по него откако му се закани на Еди Рама дека ќе заврши како Гадафи

Познатиот албански рапер Аркименд Лушај, познат како Стреси, е во Косово. Тој во емисијата Приве призна како и зошто бил принуден да бега од Албанија, откако полицијата за него издаде потрерница. Раперот својата популарност ја искористи за да ги повика граѓаните на Албанија на масовни протести за убиството на 25-годишниот Клодијан Раша.

ВИДЕО: Албанската полиција во потрага по раперот Стреси и уште шест лица по синоќешните протести , 16 полицајци се повредени

Стреси, побара од премиерот Еди Рама да си даде оставка и да го разреши директорот на полицијата, Арди Велиу. Во спротивно, раперот се закани дека ќе објави експлицитни фотографии на кои наводно се гледа албанскиот премиер со ВИП девојки.

Тој, исто така неодамна му се закани на Рама, велејќи му дека ќе ја има судбината на Гадафи.

Еди Рама за последен пат можеш да го разрешиш мафијашот, да напише предавање на мафијата или планината Дајти ќе гори. „Еди Рама ќе ја имаш судбината на Гадафи“, напиша Стреси на Инстаграм.

Стреси раскажа дека додека полицијата го бараше насекаде успеал да избега со погребно возило. Тој во емисијата кажа дека преку неговиот адвокат ќе побара да го види обвинението, бидејќи тој лично не фрлал со камења и не бил насилен.

„Пцуев многу, да, но не сум направил никаква штета“ рече тој.

Денес, кога во Албанија веќе петти ден по ред се одржуваат протести, раперот,  со писмо на инстаграм му реплицираше на семејството на убиениот Раша, кое предходно ја повика младината протестите да не прераснуваат во насилство.

„Почитуван татко на покојниот Клодијан и вие неговото чесно семејство,
Ја разбираме вашата желба да ги смирите крвопролевањата извршени од двете страни, и од државата и од граѓаните, но сега она што се случува е поголемо од вас, и како такво нема простор за неутрални ставови“ напиша Стреси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STRESI (@stresi)

Младите кои и вечерва протестираат против Еди Рама и бараат смена на Арди Велиу од функцијата директор на Државната полиција, го обвинуваат за обид на манипулација со докази за криминал.

„Сандер Лелеши, министерот за внатрешно работи,  беше едноставно политички лидер. Технички директор на полицијата е Арди Велиу, тој се обиде да манипулира со доказите на местото на злосторството, сакајќи да го обвини Клодијан дека има оружје. Тој е одговорен за постапките на полицијата и насилството што го вршат демонстрантите“, рекоа демонстрантите кои беа на плоштадот Скендербег за албанските медиуми.

ФОТО+ВИДЕО I Вака изгледа кога ќе се судрат оган, вода и солзавец: Не запираат протестите во Албанија, 1.500 полицајци ги држеа на растојание револтираните граѓани со солзавец и гумени куршуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот