• Стреси

Албанскиот рапер Стреси повика на марш кон северот на Косово: Подготвен сум за борба од Тирана до Приштина

Албанскиот рапер Стреси на Инстаграм напиша дека е подготвен за „борба од Тирана до Косово“. Тој повика на марш кон северот на Косово, со зборовите „Да ја браниме нашата држава, пренесуваат албанските медиуми. „ На 1 Јуни 2023 во 12 часот да маршираме кон северот. Ве повикуваме масовно да ја браниме нашата држава“, напиша Стреси.