ВИДЕО I Апел на Фејсбук им го „прегоре“ телефонот на Лајка: Пабло се врати дома – дознава Слободен Печат

По лавината реакции на социјалните мрежи, кучето за кое ЈП Лајка Скопје објави апел за вдомување со името Том се врати дома.

Се вдомува Toм?

ℹ ТОМ е 2 годишен стафорд. Пријателски настроен кон кучиња и кон луѓе.

Има уредна крвна слика,…

Posted by ЈП Лајка Скопје on Friday, January 29, 2021

Сопственикот на миленикот, Мики Филиповски во изјава за Слободен печат ни објасни дека кучето, мешавина од Стафорд и Пит Бул, во моментов уживо прошетка низ скопската населба Усје од каде што заради петардите избега на новогодишната ноќ.

Фото: Фејсбук

„Нашето куче се вика Пабло. Ни избега од дворот на нашата куќа во близина на Усје за време на новогодишната ноќ од страв од петардите. Тој уште од мал има уплав од петарди. Секогаш кога ќе слушне експлозија од петарда се плаши. Ние веднаш споделивме дека го бараме по сите Фејсбук групи дека го бараме. Споделија и многу организации. Шепасти ентузијасти и Анима мунди го споделија нашиот апел за помош“ раскажа Мики.

Фото: Фејсбук

Но, во моментот кога преку социјалната мрежа семејството Филиповски добиле информација каде се наоѓа нивниот миленик што го чувале од бебе следела вистинска голгота.

ЈП Лајка Скопје и Петре Шилегов Петре Шилегов ПРОДАВААТ КУЧИЊА !!!
Голготата на едно семејство низ Криминалните…

Posted by Stefan Kirkov on Friday, January 29, 2021

„Кога добивме информација дека нашето куче е најдено во населбата Аеродром татко ми веднаш отиде да го земе. Но, кога пристигна таму полицијата го спречи да си го земеме дома. Полицајците во тој момент му кажаа дека мора да повикаат некој од вработените во Лајка за да се провери дали ние сме вистинските сопственици и дали кучето е болно од лишманија“ рече Мики во изјава за Слободен печат.

Новинарите на Слободен печат уште од вчера се обидуваа да добијат изјава од ЈП Лајка Скопје, меѓутоа нивните телефонски линии беа во прекин. Од Лајка ја искористија социјалната мрежа за да се обратат до јавноста.

Во однос на надлежностите на ЈП Лајка Скопје, Ве известуваме дека Согласно Законот за благосостојба на животните, член…

Posted by ЈП Лајка Скопје on Friday, January 29, 2021

Дури денес,  успеавме да добиеме куса изјава од жена која ни се представи дека е сметководителка и е нова вработена.

 

Се отвори Лајка, во 50 боксови треба да згрижи 1970 бездомни кучиња (ГАЛЕРИЈА)

„Денес никој тука не работи, јас сум нова вработена тука и викендов сум тука како помош. Лајка не работи за викенди и немам никаква информација“ рече жената, иако веќе и кажавме дека имаме информација дека сопствениците на миленикот се повикани да дојдат во просториите на јавното претпријатие за чија изградба дваесет градежни фирми донираа околу 30 милиони денари.

Фото: Фејсбук

Мики и неговата сестра Даниела денес по бројните коментари на социјалните мрежи добија повик да дојдат во Лајка. Даниела на  Фејсбук го сподели видеото од моментот на среќа кога Пабло, кастриран, ги виде по скоро еден месец.

„Во моментот кога Пабло влезе во неговиот двор, тој веднаш си влезе во неговата куќарка. Никогаш нема да го заборавам овој момент, тој знаеше дека е дома. “ рече Мики за Слободен печат.

 

Тој нагласи дека петардите покрај тоа што може да причинат фатални последици за луѓето, за домашните миленици се стрес кој остава трајни последици. Мики исто така нагласи дека многу од сопствениците на домашни миленици воопшто не се свесни за законите и обврските кои се обврзани да ги извршуваат.

Годишно 5.000 кучиња и мачки умираат од стресот предизвикан од петардите и огнометот

Иако Пабло го чувавме од бебенце и се грижевме да го раниме добро, да го социјализираме и да има соодветна здравствена грижа од ветеринар, да ги прими сите потребни вакцини. Сепак со законите почнавме да се запознаваме дури која полицијата почна да ни цитира членови од закони. Ние толку многу го сакаме и толку многу го чувавме Пабло, но не знаевме дека мора да му ставиме чип. Откако се исплаши Пабло и ни избега поминавме низ вистинска голгота за да го вратиме дома“ рече Мики за Слободен печат.

Директорката на „Лајка“ ги отфрли обвинувањата кои кружеа во јавноста за недомаќинско работење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот