Директорката на „Лајка“ ги отфрли обвинувањата кои кружеа во јавноста за недомаќинско работење

Тина Петрушевска, директорка на ЈП Лајка / Скопје, 14 октомври 2020 / Фото: Драган Митреска - Слободен печат.

Стационарот претставува транзит центар, а не трајно престојувалиште на животните. По извршениот хуман третман, доколку никој не ги вдоми, тие се враќаат на улицата од каде што е заловено.

Стационарот за улични животни „Лајка“ се отвори пред еден месец, но со заловување на кучиња започна пред една недела. Третманот на заловување е хуман, и повеќе не се користат сајли за заловување, рече денеска во Утрински  брифинг директорката на Лајка,, Тина Петрушевска.

-Двата тима за заловување се веќе подготвени. Едниот е интервентен кој постапува по пријава на граѓани дека некој е каснат. Тие пријави ги работиме во моментов, има околу 50, и на нив им дадовме приоритет бидејќи безбедноста на граѓаните ни е најважна. Другиот тим работи регуларно според проценката на популација на кучиња, и дејствува по региони, 24 часа на ден. Станува збор за луѓе обучени на факултетот за ветеринарна медицина, и веќе не ги користат методите за заловување кои се користеле во минатото. Сајли за заловување веќе не се користат, кучињата се заловуваат со храна и со поводник, рече Петрушевска.

Капацитетот на „Лајка“ е сто кучиња, но во Скопје има многу поголем број на бездомни кучиња. Со цел да се направи проценка на вистинскиот број на улични кучиња претпријатието во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина утврдило дека во моментов во Скопје има околу 2.000 бездомни кучиња. Стационарот претставува транзит центар, а не трајно престојувалиште на животните. По извршениот хуман третман, доколку никој не ги вдоми, тие се враќаат на улицата од каде што е заловено.

Директорката на „Лајка“ ги отфрли обвинувањата кои кружеа во јавноста за недомаќинско работење.

-За работењето на претпријатието ние секој месец поднесуваме извештај. Точно е дека бев обвинета за недомаќинско трошење, но во тоа време мојот потпис се уште го немав депонирано во КИПС (електронски потпис), а сите знаат дека е невозможно да имате јавна набавка а да немате потпис во КИПС. Исто така за да започнете со јавна набавка треба да имате комисија од лица кои се тука вработени. Ние до 15 јуни тука немавме вработено никого, така што не е можно ништо да биде купено. Коментарите кои кружеа по социјалните мрежи, конкретно за креветот, можам да потврдам дека тој е тука, јас си го донесов, нагласи Петрушевска.

Граѓаните ќе можат од наредната недела веќе да закажуваат посета во стационарот и да вдомуваат кучиња. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот