Јосип Дабро / Фото: Национал.хр / скриншот

ВИДЕО: Хрватскиот министер Дабро, полугол и по влечки, пука со „калашников“ во поле

Откако неодамна се појави фотографија на која се гледа доскорешниот хрватски министер и вицепремиер во владата на десничарската ХДЗ, Јосип Дабро, со „калашников“ во рацете, медиумите денеска ја објавија и снимката од инцидентот поради кој министерот за земјоделство беше принуден да поднесе оставка.

Неодамна, исто така, беше објавена и друга снимка, на која Дабро пука со пиштол во автомобил во движење.

На новата снимка, министерот, гол го појасот, со влечки на нозете, стои во поле и испукува осум куршуми од автоматската пушка. Во Хрватска, инаку, не постои законска можност цивили да поседуваат автоматско оружје. Видеото е уште поинтересно ако се земе предвид изјавата на Дабро кога беше објавена фотографијата.

„Пушка? Која пушка?“ – се чудеше тогаш Дабро пред новинарите.

Дабро поднесе оставка минатата недела, откако се појави видеото во кое пука низ прозорец од автомобил. Полицијата влезе во домот на поранешниот функционер и изврши претрес.

– Секоја нова снимка само ја зајакнува нашата верба дека мора да истраеме во борбата за хрватското земјоделство и решавање на проблемите во хрватските шуми. Колку е поголем притисокот, толку сме посилни – напиша претходно Дабро на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот