
ВИДЕО | Хрватски вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска Јосип Дабро синоќа поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол ХС-2000 додека се вози во приватен автомобил.
Препорачано
Оставката, како што објави на својот Фејсбук профил, ја поднесува од морални причини.
На снимката што ја објави Јутрањи лист се гледа како Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобил облечен лежерно, во шорцеви и маица, и пука од пиштол во близина на населено место. На снимката, Дабро најпрво го репетира пиштолот и вели: „Само за мојот брат Марио“. Потоа испукува 15 истрели од пиштол низ прозорецот. Кон крајот на снимката, Дабро го става пиштолот во кабината кај совозачкото седиште каде седи и вели: „Поздрав брате Марио, добра ноќ“.
По објавувањето на видеото, Дабро ја потврди неговата автентичност, но тврдеше дека не пукал со вистински куршуми туку со маневарска муниција.
Хрватската Влада го оцени „ваквото однесување и употреба на огнено оружје како несоодветно и неодговорно“, иако посочуваат дека снимката била направена пред Дабро да стане министер.
Хрватската полиција и обвинителството започнале истрага и утврдуваат дали Дабро сторил кривично дело – загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5