Фото: Скриншот / Анатолија Балкан

ВИДЕО | Група израелски туристи биле натепани во Банско откако еден од нив почнал да пее

Група израелски туристи во саботата биле физички нападнати во зимскиот центар Банско, откако еден од нив испеал популарна песна на хебрејски јазик, објави „Факти“.

Инцидентот предизвика силни реакции на социјалните мрежи, каде што беше споделено и видео од пресметката.

Според објава на платформата „Икс“ од Даниел Амрам, која ја споделил и роднина на жртвите, конфликтот започнал поради песната „Тел Авив а хабиби Тел Авив“. Непознат маж му пришол на момчето кое пеело, почнал да му довикува навреди и го удрил со рамо во лицето.

— Потоа еден од напаѓачите го удри татко ми директно во лицето со ски-чизма. Тој се обидуваше да ја смири ситуацијата и да нѐ раздвои — изјави член на семејството за медиумите.

Како резултат на силниот удар, повозрасниот маж бил хоспитализиран со сериозни фрактури на черепот и на синусите. Неговите роднини го опишуваат нападот како целен, предизвикан единствено од тоа што се слушнал хебрејски јазик и се споменувал израелски град.

Семејството изразува разочараност од случувањата, потсетувајќи на историските заслуги на земјата во минатото.

— Бугарија има горда историја на спасување на своите Евреи за време на Холокаустот, што ги прави овие напади особено болни — наведуваат жртвите во својата изјава.

ВИДЕОАНКЕТА: Војна на Блискиот Исток – како реагираат нашите граѓани?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот