ВИДЕОАНКЕТА: Војна на Блискиот Исток – како реагираат нашите граѓани?

На Блискиот Исток повторно беснее голема воја. САД и Израел викендов започнаа напади врз стотици цели во Иран, по што следуваа одмазднички удари врз Израел, но и врз земјите-американски сојузници во регионот. Стравот од поширок конфликт е сè поголем.

„Слободен печат“ ги праша граѓаните што мислат – дали требаше да дојде до вакви напади и дали се чувствуваат безбедно.

Еден соговорник вели дека одлуката веројатно произлегува од нивната надворешна политика.

„Најверојатно нивната политика ги довела до тоа да нападнат“, објаснува тој.

Друг граѓанин смета дека војна не треба да има никаде.

„Мислам дека никаде не треба да има такви напади“, вели тој.

Ги прашавме и што мислат за ставот на македонската Влада за поддршка на САД и Израел.

„Мислам дека нашата надворешна политика е во ред. Ги следиме САД и Израел“, рече еден од анкетираните.

– А дали се чувствувате безбедно?

„Исто како и пред месец дена. Глобално, живеачката е лудило“, објаснува една госпоѓа.

Друг господин вели дека членството во НАТО дава одредена сигурност.

„Не сме многу силни, но сме под покрив на НАТО, па се надевам дека сме безбедни“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот