ВИДЕО | Готова за три минути: Апаратите за пица кои ги шокираа Италијаните

Фото: Профимедиа

Во Рим за првпат се појавија апарати за пица кои го подготвуваат ова традиционално италијанско јадење за само три минути. Италијаните беа шокирани од овие апарати кои се косат со традиционалното и долгогодишно подготвување на највкусните видови на пица, јавува nypost.com

Купувачите на апаратите под назив „Mr. Go Pizza“ можат да изберат меѓу четири видови пица кои чинат од 4,50 до 6 евра.

Машината го меси тестото и го додава филот, а купувачите сето тоа можат да го гледаат преку малото стаклено прозорче.

Купувачите во Рим различно реагираа на оваа иновација со коментари дека сепак е „прифатливо доколку навистина брзате“.

„Помала е од пицата во рестораните, а има и помалку фил“, изјави еден пензионер.

„Супер брза пица за која не треба да чекам половина час и за евтини пари“, нагласи една тинејџерка.

Луѓето многу одамна јадат различни облици на леб и тесто со фил, но општо прифатено е дека пицата како специјалитет е усовршена во Наполи, каде долго време најпрвин била улична храна за сиромашните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот