ВИДЕО: Голманот Димитриевски суспендиран на четири натпревари!

фото: ffm.mk

Првите луѓе на шпанскиот фудбал го суспендираа македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски на четири натпревари.

Причината поради оваа голема суспензија е црвениот картон кој го заработи на дуелот против Леганес во „Сегунда“ (пораз, 1:0), но и зборовите кои ги упатил нашиот чувар на мрежата до главниот судија: „Ти си макро“.

Па така, Димитриевски ќе ги пропушти дуелите во шампионатот против Логроњес, Лас Палмас, Жирона и Алкоркон.

Ќе се врати на терените после Нова година, односно на 10 јануари против Мирандес на гостински терен.

Моментно на табелата во втората шпанска лига Рајо Ваљекано после 16 одиграни меча се наоѓа на осмата позиција со 24 бодови, 11 помалку зад водечката Мајорка на нашиот Александар Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот