ВИДЕО: Ѓоковиќ возбуден што повторно ќе настапува во Белград!

epa09027402 Novak Djokovic of Serbia celebrates after winning his Men's singles finals match against Daniil Medvedev of Russia on Day 14 of the Australian Open Grand Slam tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 21 February 2021. EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ им се обрати на фановите пред да пристигне во Белград, Србија. По девет години, тениската ѕвезда ќе учествува на турнирот „Србија Опен 2021“, кој ќе се игра од 19 до 25 април на терените на тенискиот центар „Новак“.

Ѓоковиќ ѝ се заблагодари на поддршката од Србија, како и на српските и светските тенисери за повикот. Тој ќе учествува на турнирот во Белград по настапот во Монте Карло, каде беше елиминиран во третото коло по поразот од Даниел Еванс.

– Многу сум возбуден што ќе играм во мојот роден град Белград по девет години од последниот меч. Среќен сум што успеавме повторно да го донесеме турнирот од серија 250 во Белград, не само машкиот, туку и женскиот, како и челенџерите. Благодарност до Србија и на градот Белград за поддршката и помошта, на сите луѓе кои даваат позитивна енергија и поддршка не само на мене, туку и на сите српски тенисери.

Тие исто така ги охрабрија светските тенисери од врвот да одлучат да дојдат и да играат во Белград, иако во истата недела имаме турнир од посилната категорија во Барселона. Се надеваме дека ќе уживате во тенисот, не само оваа година, туку и во наредните изданија – рече Ѓоковиќ.

Жрепката за „Србија опен 2021“ ќе се одржи в сабота, а српскиот тенисер Душан Лајовиќ ќе има можност да биде „среќната рака“ при извлекувањето на паровите за главниот дел од натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот