ВИДЕО: Го нарекуваат „Трансформер“ стадион – еве како ќе изгледа новиот Бернабеу

Третото реновирање на Сантијаго Бернабеу ќе чини 530 милиони евра/Фото: EPA-EFE/J. J. Guillen

„Сантијаго Бернабеу“, еден од најпознатите стадиони во светот, беше отворен пред точно 74 години. Домот на Реал претрпе две големи реновирања – во 1982 и 2001 година. Моментно се случува и третото реновирање, а според најави ќе биде најспектакуларното досега.

„Кралскиот клуб“ објави видео кое покажува зошто некои новиот Бернабеу го нарекуваат стадион „Трансформер“.

Покрај подвижниот покрив ќе има и подвижни тревни подови кои ќе се прилагодуваат на потребите. Имено, на новиот Бернабеу нема да се игра само фудбал.

Веќе се планира домот на Реал да се претвори во голем тениски стадион, како и сала за кошарка, со монтажни трибини, а на големата трева најверојатно ќе се игра и американски фудбал (рагби).

Реновирањето треба да заврши во летото 2023 година и истото ќе чини околу 530 милиони евра. Досега требаше да биде готово, но неговиот почеток беше одложен и напредокот беше забавен поради пандемијата на коронавирусот.

Според претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, откако ќе биде завршен, тој треба да биде најмодерниот стадион во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот