ВИДЕО | Ги воодушеви сите: Ламбе Алабаковски испеа македонска народна песна среде Сиднеј

Фото: Скриншот/Инстаграм

Во моментов, македонскиот пејач Ламбе Алабаковски (36) е на својата концертна турнеја во Австралија, која започна на 5 април во Сиднеј, а ќе заврши на 27 април во Перт.

Откако го одржа својот прв концерт, тој одвои време да го прошета градот и да ја посети Сиднејската опера.

Фото: Инстаграм/Ламбе Алабаковски

Во придружба на познатиот музичар и композитор Николче Мицески, кој е заедно со него на оваа турнеја, Алабаковски ја испеа „Оган да го гори“, песната која ја пее во проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Многумина се воодушевени од одличната изведба на нашите музичари, па им напишаа позитивни коментари на оваа објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот