ВИДЕО+ФОТО: Во автомобил му пронашле дрога, а во неговиот стан уште 4 килограми амфетамин

Полицијата во Белград заплени повеќе од четири килограми амфетамини и го уапси М.Г. (34), во чиј стан е пронајдена дрога, соопшти српското МВР.

Претресот на станот во Чукарица, каде што живеел М.Г. и каде е запленет амфетамин, како и електронска вага за прецизно мерење, уследила откако полицијата го запре автомобилот управуван од осомничениот и пронашла околу 100 грама амфетамин.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, а заедно со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот