ВИДЕО+ФОТО: Млада мајка на осум деца покажа како ги подготвува за спиење: Сè започнува во 16.30!

Фото: Инстаграм

Австралијката Kлои Данстан (27) и нејзиниот сопруг добиле прво три деца, па потоа им се погодила тројка и на краjот близнаци, па им било потребно доста прилагодување за да успеат да го организираат животот на така бројно семејство. Но, одлично им оди…

Кога ќе каже дека оди да ги подготви децата за спиење, Клои Данстан, 27-годишната мајка од Перт во Австралија има пред себе вистински семеен предизвик. Имено, таа и сопругот Рохан имаат осум деца помали од 10 години. Првите три деца ги родила пред својот 22 роденден, потоа добиле тројка, а лани во семејстовто пристигнале и близнаците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

Иако сега веќе имаат доста добра рутина за повеќето секојдневни работи, Клои вели дека кај нив дома често е возбудливо и доста раздвижено, а во сето тоа редовно учествуваат Еван (8), Ото (7) и Феликс (6), како и тројката, Руфус, Ханк и Перл кои сега ќе наполнат 5 години, но целата атмосфера ја надополнуваат и близнаците кои се уште немаат една година. За се да функционира како што треба, како што вели таа, потребна е неверојатна организација.

Како што може да се види во кратките видео прилози кои Клои редовно ги објавува на Јутјуб каналот, подготовката за заминување во кревет започнува во 16.30 часот, кога ја подготвува вечерата за целото семејство. Повозрасните деца тогаш помагаат да се соберат и средат играчките, додека оние најмладите имаат прилика да се одморат и да поспијат во столчињата за лулање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)


Клучот на успехот е во добро смислениот оброк, со цел да е потребно што пократко време за неговата подготовка, вели младата мајка. Таа за денот кога снимала избрала тестенини со домати, тиквички, спанаќ, кромид…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)


Кога ќе заврши со готвењето, децата вечераат, па нешто пред 20 часот следи миењето на забите. Наскоро децата одат во кревет, но потоа следи читањето на приказни. Откако за првпат се породила Клои собрала стотици книги и сликовници, па така децата пред да заминат во креветот сами си избираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)


Мајката вели дека денес веќе и е многу полесно бидејки тројката веќе научила сама да се пресоблече во пижами, а наутро тие меѓусебно си помагаат при облакањето. Таа вели дека сите уживаат во тоа што се големо семејство, особено сега кога се подолг период во домот, поради карантинот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

Постарите деца наутро слушаат онлајн настава и решаваат задачи, а попладнете уживаат во заедничките активности: Цртање, пишување, играње игри, смеење, брканица низ домот, вели мајката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

Таа и сопругот водат онлајн продавница за играчки, па релативно лесно можат да ја организираат работата така што во текот на денот секогаш имаат време да им се посветат на децата, пренеусва Дејли Мејл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот