ВИДЕО: Фјури ја одбрани титулата, во шестата рунда го нокаутираше Вајт
Тајсон Фјури ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата откако во шестата рунда го нокаутираше Дилијан Вајт.
Препорачано
Овој спектакл, оваа борба меѓу двајцата Британци се одржа на стадионот „Вембли“ во Лондон пред рекордни 94.000 илјади гледачи.
Фјури најави дека ова е последна борба во неговата кариера, но после ваков доминантен настап над силен тешкаш каков што е Вајт некако е можно да продолжи да боксува.
За 33-годишниот Фјури ова беше 32 победа во кариерата, додека 34-годишниот Вајт во 31 борба го претрпе третиот пораз.
Во првата рунда гледавме испитување на силите. Фјури се обидуваше да го држи Вајт на дистанца, без ризични удари од двете страни.
Tyson Fury uppercut KO! ?? pic.twitter.com/ysQezgxUn2
— the jew jitsu (@brentsehxti) April 23, 2022
Фјури не ризикуваше, додека Вајт се обиде да направи нешто со неколку силни удари.
Клучниот момент се случи во шестата рунда кога следуваше следуваше жесток нокдаун во брадата, тоа не беше совршен удар, но беше доволно силен да триумфира над Вајт.


