ВИДЕО: Ферари го промовираше болидот за новата Ф1 сезона!

Ферари сака да им биде конкуренција на Мерцедес и Ред Бул во трката за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/ASANKA BRENDON RATNAYAKE

Тимот на Ферари последен го направи претставувањето на новиот Ф1 болид за 2021 година, кој го именуваа како „СФ21“ и со кој се надеваат дека ќе го поправат разочарувачкиот минатогодишен пласман во пласманот на конструкторите кога завршија на шестото место.

Ферари имаше многу лоша сезона, најлоша од 1980 година кога беа десетти на рангирањето на конструкторите.

А за новата Ф1 сезона во 2021 година подготви комплетно нова погонска единица што беше најголема слабост на претходникот „SF1000“, но и темелно редизајниран аеродинамичен пакет и распоред на внатрешни компоненти погонски единици.

Носот е доработена верзија на минатогодишниот болид со модифицирани странични канали, а Ферари на задниот крај од новиот „SF21“ користи и нова нијанса на бургунд-црвена боја која ја користеја и на минатогодишната Голема награда на Тоскана во Муџело кога ја прославија 1000 трка во Формула 1.

Партнерството на Ферари со Филип Морис, кој е присутен на Ф1 болидите на Ферари од 2018 година под слоганот „Mission Winnow“, донесе и светло зелена боја на логото на „MW“ на капакот на моторот кој досега беше бел.

Главните возачи на Ферари за новата натпреварувачка сезона ќе бидат Шарл Леклер и Карлос Сајнц.

Мерцедес го претстави шампионскиот болид за новата сезона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот