ВИДЕО: Фантастичен Македонецот, Тричковски со хет-трик за 22 минути игра!

фото: EPA-EFE/WALTER BIERI

Денеска во рамките од 21 коло во најсилното кипарско првенство составот на АЕК Ларнака со резултат 3:1 на домашен терен го совлада Ермис.

Домаќините стигнаа до трите бода најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски кој реализираше хет-трик.

Иако гостите први поведоа со голот на холандскиот интернационалец Валпорт во 19 минута, следуваа трите голови на нашиот играч. Тричко најпрвин израмни во 23 минута, па донесе предност во 29 минута, а конечниот епилог го постави непосредно пред паузата (45+1`) од пенал.

Во домашниот состав Тричковски и Даниел Мојсов го одиграа целиот меч, додека Стефан Спировски настапи од 67 минута.

На табелата АЕК Ларнака е на петтата позиција после 10 триумф сезонава со 34 бодови.


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот