ВИДЕО: Ентони Дејвис ги водеше Лејкерси до „брејк“ против шампионот
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс поведоа против Голден Стејт вориорс во полуфиналето од НБА плеј-офот на Западната конференција, откако славеа со 117:112.
Препорачано
Лејкерси беа предводени од Ентони Дејвис со 30 поени, 24 скока, пет асистенции и четири блокади. Леброн Џејмс реализираше 22 поени, 11 скока, четири асистенции и три блокади, додека по 19 коша имаа Данџело Расел и Денис Шрудер.
Во екипата на актуелниот шампион најефикасен беше Стеф Кари со 27 поени и шест скока, потоа Клеј Томпсон постигна 25 поени, додека Џордан Пул имаше 21 поен и шест асистенции.
Вториот меч ќе се игра во ноќта меѓу четврток и петок и повторно Голден стејт ќе биде домаќин.
Њујорк израмни на 1:1 во полуфиналниот плеј-оф на Истокот против Мајами (111:105). Во „Медисон Сквер Гарден“ за Никси први стрелци беа Џејлен Брансон (30 поени, пет скока), Џулиус Рендл (25 поени, 12 скока, осум асистенции), додека Р.Џ Берет имаше 24 поени.
На спротивната страна за Хитси доминираше Кејлеб Мартин со 22 поени (осум скокови), следен од Гејб Винсент кој запиша 21 поен и пет асистенции.


