ВИДЕО: „Ел Класико“ од друг агол, објавени разговорите на судијата со фудбалерите и ВАР собата
Барселона во спектакуларно финале на шпанскиот Суперкуп, одиграно во саудискиот град Џеда, го совлада Реал Мадрид со 3-2, а каталонскиот гигант натпреварот го заврши со играч помалку поради директниот црвен картон што во судиското продолжение го доби капитенот Френки де Јонг.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Холандскиот репрезентативец стартуваше со лизгачки старт на средината од теренот и го собори Килијан Мбапе, а главниот судија Хозе Луис Мунуера Монтеро без двоумење му покажа директен црвен картон, оценувајќи дека ногата му била подигната премногу високо.
Во меѓувреме, шпанската судиска комисија објави видео-снимка што открива како изгледа ваков голем натпревар од перспектива на главниот судија. Освен ексклузивниот „поглед зад сцената“ преку очите на Монтеро, Шпанците демонстрираа и дополнителна транспарентност околу случувањата на „Ел Класико“.
Јавноста доби можност да ја слушне и комуникацијата меѓу главниот судија и ВАР-собата, како и разговорите што Монтеро ги води со најголемите фудбалски ѕвезди за време на еден од најголемите дерби-дуели во светот. Видеото открива дека веднаш по опасниот старт на Де Јонг врз Мбапе, од ВАР-собата се слушнало гласно: „Црвен, црвен!“.
Набрзо потоа, преку микрофонот на главниот судија се слуша и обраќањето кон холандскиот фудбалер: „
Френки, направи таков фаул што самиот си додели црвен картон. Влезе со високо подигната нога, тоа е јасно.“


