ВИДЕО | Дуплантис по 11-ти пат во кариерата го урна светскиот рекорд во скок во височина
Арманд Дуплантис, шведскиот атлетичар по 11-ти пат во кариерата го собори светскиот рекорд во скок во височина. На натпреварување во Франција популарниот Мондо успеа да прескокне 6,27 метри.
Препорачано
Долго пред рекордниот скок успеа да ја обезбеди победата во ова натпреварување, па во последното коло реши да се обиде и на крајот успеа.
Интересно е тоа што Швеѓанецот пред натпреварувањето за АФП изјави дека неговата цел е да го собори рекордот и да ги помести границите.
– Тоа би било одлично. Тоа е мојата цел, мислам дека можам да го направам тоа. Секако, сѐ мора да се поклопи и морам постојано да скокам за да бидам во позиција да го соборам рекордот, но мислам дека тоа е можно – рече Дуплантис.
Дуплантис за секој соборен рекорд добива 100.000 долари од Светската атлетска федерација, поради што секогаш ја поместува границата за само еден сантиметар, а судејќи по начинот на кој скока, веројатно наскоро уште повеќе ќе го подобри банкарското салдо.
NOUVEAU WORLD RECORD POUR ARMAND DUPLANTIS
ENCORE ET ENCORE6M27
CE MEC EST BEAUCOUP TROP FORT pic.twitter.com/bX5CGwrLpt
— Parlonspeuparlonsport (@Parlonssport21) February 28, 2025


