ВИДЕО | Дрејмонд Грин му се извини на Нуркиќ: Немав намера да го удрам

фото: принтскрин/ youtube.com/@ChazNBA

Уште еден валкан потег на кошаркарот Дрејмонд Грин во НБА лигата, овојпат на натпреварот меѓу неговиот Голден Стејт и Феникс кој го добија Санси со 119:116.

Како и секој кошаркар кој треба да игра одбрана, така се однесуваше и Јусуф Нуркиќ кој не му дозволуваше на Грин да дојде до подобра позиција за шут, но играчот на Вориорси веднаш како да ги загуби нервите бидејќи не можеше да „дише“ од Босанецот, без никаква причина го удри Нуркиќ во лицето.

Грин по завршувањето на мечот објасни немаше намера да го удри Нуркиќ:

– Како што знаете, не се извинувам за сето она што сум имал намера да го направам, но му се извинувам на Јусуф затоа што немав намера да го удрам. Се обидов да направам фаул, бидејќи тој ме фаќаше за колковите. Не сакав да глумам, но сакав да се свртам и во тоа движење го удрив – се зборовите на Грин.

Ова не е прв контроверзен испад од Грин, а свој коментар за овој инцидент имаше и кошаркарот на Феникс, Нуркиќ:

– Што се случува со него? Не знам. Лично мислам дека на тој „брат“ му треба помош. Мило ми е што не се обиде да ме задави. Ова нема врска со кошарката. Го видовме ова премногу пати, но искрено се надевам дека што и да се случува во неговиот живот, ќе биде подобро – кажа Нуркиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот