ВИДЕО | „Дознав што се случи…“: Нејмар повторно ја изневерил бремената девојка

Фото: Инстаграм/Нејмар/Бруна Бјанкарди

Моделот Бруна Бјанкарди се огласи откако беше објавено видео на кое се гледа дека нејзиниот вереник, познатиот фудбалер Нејмар, ја изневерува со две девојки, додека таа го носи нивното прво дете.

Порталот „ЛеоДиас“ сподели видео на кое се гледа како Нејмар се дружи со девојки во ноќен клуб. Видеото предизвика лавина коментари на социјалните медиуми, а многумина ѝ испратија пораки со поддршка на бремената Бјанкарди.

Таа се огласи на Инстаграм по веста дека повторно е изневерена.

„Дознав што се случило и повторно сум разочарана. Во последната фаза од бременоста, јас сум фокусирана на ќерка ми и мислам само на неа во овој момент. Благодарна сум за вашите пораки за поддршка“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Бруна Бјанкарди

Пред три месеци, Нејмар призна дека ја изневерил својата трудна девојка, објавувајќи јавно извинување до неа.

Тогаш инфлуенсерката Фернанда Кампос откри дека имала афера со фудбалерот и дека тие биле интимни на бразилскиот Ден на вљубените – 12 јуни.

Јавното извинување на Нејмар гласеше:

Бру, го правам ова за вас двајцата и за твоето семејство.

Да се обидам да го оправдам она што не може да се оправда. Нема потреба. Но, ми требаш во животот.

Видов колку многу те изложив пред јавноста, колку страдаше од сето ова и колку многу сакаш да си до мене. А и јас до тебе.

Погрешив.

Ти згрешив тебе.

Се осмелувам да кажам дека грешам секој ден, на теренот и надвор од него. Но, грешките во личниот живот ги разрешувам дома, приватно со моето семејство и пријателите…

Сето ова ја засегна една од најспецијалните личности во мојот живот. Жената за која сонував да биде до мене, мајката на моето дете. Го засегна твоето семејство, кое денес е мое семејство. Ја засегна твојата интимност во толку специјален момент каков што е мајчинството.

Бру, веќе побарав да ми простиш за моите грешки, за непотребната изложеност, но чувствувам обврска да го направам и јавно. Ако приватен проблем стане јавен, извинувањето треба да биде јавно.

Не можам да се замислам без тебе.

Не знам дали ќе успееме да останеме заедно, но денес знам дека сакам да се обидеме.

Нашата цел ќе надвладее, нашата љубов за нешто бебе ќе победи, нашата љубов еден за друг ќе нè направи посилни.

Ние, засекогаш

Те сакам.

Фото: Инстаграм/Нејмар

Тогаш неколку странски медиуми објавија дека оваа двојка има отворена врска и дека Бјанкарди му дозволила на Нејмар „да флертува и да има сексуални односи со други девојки“, но му дала листа со неколку услови – да биде дискретен за аферите што ги има, да не спие со проститутки и да не ги бакнува во уста.

ФОТО | Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди објавија дека го чекаат своето прво дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот