ВИДЕО | Договорен боксерски спектакл вреден 200 милиони долари
Светот на боксот доби уште една спектакуларна вест – Мексиканецот Канело Алварез и Американецот Теренс Крофорд ќе боксуваат на 13 септември во Лас Вегас, САД, во меч вреден 200 милиони долари.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тоа ќе биде борба за сите четири главни титули во суперсредна категорија (WBA, WBC, IBF и WBO), кои ќе ги брани Канело (63-2-2, 39 нокдаун), еден од најодликуваните и најпознатите боксери на денешницата. Негов противник ќе биде непоразениот Теренс Крофорд (41-0, 31 нокдаун), актуелниот шампион на WBA во полусредна категорија.
Борбата ќе се одржи на стадионот „Алегиант“, домашен терен на НФЛ тимот „Лас Вегас Рејдерс“, кој има капацитет од 65.000 гледачи. Улогата на модератор на синоќешното соочување меѓу боксерите неочекувано ја презеде претседателот на UFC, Дана Вајт, за кого тоа беше деби во таква улога во светот на боксот.
Главен спонзор на борбата е саудискиот Турки Ал-Алших, кој обезбеди 200 милиони долари за организирање на овој историски меч.
Од тоа, Канело ќе заработи дури 150 милиони, додека Крофорд ќе добие 50 милиони долари само за влегување во рингот.


