ВИДЕО | Добрата страна на Меси: Прекина интервју да се поздрави со Далиќ

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Репрезентацијата на Аргентина со победата против Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство, а финалето ќе биде последен натпревар во дресот на Аргентина за Лионел Меси.

Меси игра фантастично Светско првенство и досега беше „играч на натпреварот“ на четири од шестте натпревари на Аргентинците. Во победата против Хрватска учествуваше со гол и асистенција.

За разлика од ситуациите во натпреварот со Холандија кога натпреварот беше преполн со тензии, сега Меси ја покажа и својата добра страна. Додека даваше интервју со еден новинар Меси го забележа хрватскиот селектор Златко Далиќ и го прекина интервјуто за да го поздрави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот