ВИДЕО: Крај за Хрватите – Алварез и Меси за аргентинско „танго“ и мундијалско финале
Вечерва на стадионот Лусаил репрезентацијата на Аргентина со 3:0 ја совлада Хрватска и се пласираше во финалето на Светското првенство во Катар.
Препорачано
Првиот гол на „гаучосите“ беше дело на Лионел Меси кој се израмни по бројот на настапи со Лотар Матеус, по 25, а воедно играчот на ПСЖ стана најдобриот аргентински стрелец на светските првенства со 11 голови.
Вториот погодок Аргентина го реализираше во 39 минута преку Хулиан Алварез, а истиот фудбалер го постави конечниот епилог во 69 минута, а голем придонес имаше и Меси кој се погрижи да биде асистент.
Аргентинците по шести пат ќе играат во мундијалското финале и ќе ја бркаат својата трета титула, претходните две ги освоија во 1978 и 1986 година. Од друга страна Хрватска ќе игра за својата втора бронза на светските првенства, првата ја имаат од 1998 година.
Argentina are in the #FIFAWorldCup Final! ?@adidasfootball | #Qatar2022
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 13, 2022
Аргентинците на 18 декември ќе играат за светската титула против победникот од второто полуфинале меѓу Франција и Мароко кое ќе се игра в среда од 20.00 часот.


