Меси се израмни со рекордерот на светските првенства, Лотар Матеус
Лионел Меси вечерва против Хрватска го игра својот 25 натпревар на Светското првенство во Катар. На овој начин се изедначи со славниот германски фудбалер Лотар Матеус кој има најмногу настапи на Мундијалите..
Препорачано
За Меси ова е петто Светско првенство во кариерата. Дебитираше во 2006 година во Германија. Тогаш одигра три натпревари. Четири години подоцна во Јужна Африка забележа пет натпревари, во 2014 година во Бразил додаде уште седум и во Русија во 2018 година четири натпревари. Во Катар досега одигра пет средби.
Досега на 24 натпревари има постигнато 10 гола. Тој беше капитен на 17 мечеви.
Играчот на ПСЖ секако има шанса да биде новиот апсолутен рекордер, бидејќи Аргентина ја чека уште еден натпревар на ова СП – финалето или третото место.
Тој можен 26 настап Меси би го запишал против Мароко или Франција.
25 – Lionel Messi ?? is making his 25th appearance at the #FIFAWorldCup today, tying Lothar Matthäus ?? for the most appearances in the competition’s history. Legends. #ARGCRO pic.twitter.com/vv8uXJHw5u
— OptaFranz (@OptaFranz) December 13, 2022


