Последниот натпревар на Меси

Лионел Меси („Аргентина“) во акција на натпреварот против Австралија/Доха, Катар/3 декември 2022/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Аргентинската репрезентација се пласираше во финалето на Мундијалот во Катар, откако ја декласираше Хрватска со 3-0 во првото полуфинале, а Лионел Меси повторно дојде на чекор да го освои пехарот кој му недостига во богатата колекција.

Меси постигна еден гол, а асистираше за уште еден против Хрватска, по што до навивачите испрати порака и кажа дека во недела го игра последниот натпревар.

„Горд сум што ќе ја завршам репрезентативната кариера со настап во финале на Мундијал. Неверојатно е ова што се случува. Во недела ќе игра најдобро што можам. Уживам и се чувствувам подготвен за мечот. Добро се подготвивме и за Хрватска, која знаевме како игра и ги искористивме нејзините слабости“, вели Меси.

Аргентина в недела ќе игра во големото финале против победникот од дуелот меѓу Франција и Мароко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот