ВИДЕО: Димитријевиќ најдобар асистент, „плус 17“ предност не беа доволни за Валенсија

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ би можел да игра во Русија/Фото: facebook.com/valenciabasket

Денеска во третото коло од најдобрата шпанска лига составот на Валенсија на домашен терен беше поразена од Мурсија со 86:91.

Во текот на првото полувреме Валенсија двапати имаше предност од „плус 17“ (36:19 и 40:23), но тоа не беше доволно да се задржи до крајот на мечот.

Гостите направија целосен пресврт во вториот дел освојувајќи ги третата четвртина со 23:29 и 21:31.

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ кај домаќините имаше најмногу асистенции и воопшто на мечот, вкупно 12. Една од нив можете да погледнете на видео записот:

Нашиот плејмејкер за скоро 26 минути игра на паркето запиша шест поени, а кај неговите тимски колеги најефикасни беа Клавер со 26 и Дубљевиќ со 22 поени.

Валенсија е на 10 позиција на табелата во „Ендеса“ лигата со два бодови и во следното коло ќе игра на гости кај Баскет Сарагоса.

Димитријевиќ најпрецизен во победата на Валенсија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот