Димитријевиќ најпрецизен во победата на Валенсија

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ се сели во рускиот Уникс Казан/Фото: instagram.com/nenodimitrijevic

Екипата на Валенсија ја оствари првата победа во новата сезона во кошаркарската АЦБ лига, а македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше најпрецизен во својот тим.

Валенсија славеше на гостувањето кај Манреса со 69:89, а Димитријевиќ кој беше дел од првата петорка постигна 17 поени и имаше шест асистенции. Покрај Димитријевиќ, Жосеп Пуерто даде 17 поени, додека кај домашниот тим Франциско Силван беше најефикасен со 15 постигнати поени.

Валенсија во првото коло загуби од Басконија со 67:72, а во третото коло на домашен терен ќе игра против Мурсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот