Теодор Зајдер - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Деветгодишно дете од Полска го сруши светскиот рекорд во составување на Рубикова коцка

Деветгодишниот Теодор Зајдер од Полска постави нов светски рекорд во составување Рубикова коцка, откако стандардната 3x3x3 коцка ја состави за неверојатни 2,76 секунди.

Рекордот беше поставен во неделата на натпревар во брзо решавање на коцка („speedcubing“) во северниот полски пристанишен град Гдањск, пренесува „ТВП Ворлд“ (TVP World). Со овој резултат, Зајдер стана првата личност која официјално решила класична Рубикова коцка за помалку од три секунди, што беше потврдено од Светската асоцијација за Рубикова коцка.

Претходниот рекорд го држеше седумгодишниот Кинез Суангји Генг, кој минатата година коцката ја реши за 3,05 секунди.

И покрај тоа што има само девет години, Зајдер веќе е меѓу најдобрите во светот на „спидкјубинг“, натпреварувајќи се на домашни и меѓународни турнири против значително повозрасни конкуренти.

Досега има освоено 68 златни медали, а ова не му е прв светски рекорд. Во ноември 2023 година постави глобален рекорд и во дисциплината 2x2x2 коцка, со време од само 0,43 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот