ВИДЕО: Денвер нагетс го дели една победа од титулата во НБА лигата

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Кошаркарите на Денвер поведоа со 3:1 во финалната серија од НБА лигата и се на чекор од освојување на првата титула, откако во четвртиот натпревар на гости го совладаа Мајами со 108:95.

Денвер водеше во поголемиот дел од првата четвртина, но на крајот подобри беа домашните кои на пауза заминаа со предност од 21:20.

На полувремето Денвер отиде со „плус четири“ (55:51), додека првата двоцифрена предност гостите ја достигнаа во третата четвртина.

Денвер во последната четвртина влезе со 13 поени предност (86:73), за на стартот Мајами да одговори со серија од 8:0.

Нагетси за краток период ја вратија разликата на своја страна, по тројките на Џамал ​​Мареј и Џеф Грин, а на теренот на четири минути пред крајот се врати српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој беше на клупата поради својот петти фаул.

До крајот на мечот Денвер ја зголеми предноста и ја достигна максималната разлика од 17 поени (108:91), а Мајами потоа ги постигна последните четири поени.

Во досегашната историја 35 од 36 екипи кои водеа со 3:1 во финалето ја освоија титулата во НБА лигата.

– Сè уште ништо не сме направиле. Мора да победиме уште еден натпревар за да бидеме светски шампиони“, изјави тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун.

Најефикасен во тимот од Колорадо беше Арон Гордон со 27 поени, седум скока и шест асистенции, потоа Јокиќ имаше „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 12 скока.

Брус Браун постигна 21 поен во победничкиот тим, додека Џамал ​​Мареј забележа „дабл-дабл“ од 15 поени и 12 асистенции.

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Најдобар учинок кај Мајами имаше Џими Батлер со 25 поени и по седум скока и асистенции, Бем Адебајо забележа „дабл-дабл“ учинок со 20 поени и 11 скока, додека Кајл Лаури постигна 13 поени.

Првата шанса да го освои трофејот Денвер ќе ја има ноќта помеѓу понеделник и вторник (02.30 часот) на домашен терен.

НБА финале

Мајами хит – Денвер нагетс 95:108 (1:3)

Мајами хит: Батлер 25 поени, Адебајо 20, Лаури 13, Лав 12, Робинсон 12, Мартин 11, Винсент 2, Хајсмит, Струс, Зелер.

Денвер нагетс: Гордон 27 поени, Јокиќ 23, Б. Браун 21, Мареј 15, Портер 11, Колдвел-Поуп 7, Грин 3, К. Браун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот