Фото: Промо

ВИДЕО | „Дента кога наполнив 45“ – нов дует на „Нокаут“ и Брејк

Во пресрет на големиот славенички солистички концерт на „Нокаут“, во арената Јане Сандански на 9-ти мај годинава, познатата македонска група објави нова песна. Во неа како специјален гостин се појавува нивниот стар пријател Дарко Гелев – Брејк, со кого Пере оддамна соработува.

Овој пат вокалната дружба на двајцата музички пријатели се огледа во една полнокрвна фанки тема и интересна приказна која во себе је крие кризата на средните години и вечната дилема со илјада прашања што го мачат сиот машки свет, насловена, „Дента кога наполнив 45“.

Логична сторија за она со што се судира секоја зрела личност во доба кога има доволно години за да ги брои сопствените успеси, но и да се судри со личните предрасуди за да процени кои му се вистинските пријатели, а кои во животот само случајни минувачи.

„Кои ти потпишале, па те отпишале, кои те пропуштиле, па те уништиле, кои ти верувале, па после претерувале“… како што велат стиховите во самиот рефрен потенцирајќи го најважното прашање за милион долари: „А ти, каде си?“

Музички модерно спакувано фанки со заразен танцов ритам и певлив рефрен, свирачки совршено изведено, продукциски до максимум испеглано, со шмек на 80-те и 90-ите, но со саунд визура која е прилично препознатлива за стилот кој Пере и бендот од прв ден го негуваат.

Кога звучната слика ќе се фузира со универзалната приказна што ја носат стиховите, еве ви гаранција за уште еден хит на „Нокаут“ на огромна радост на фановите.

На музичката торта за „Дента кога наполнив 45“ како јаготка на шлагот доаѓа видеоспотот во кој освен прилично убедливиот актерски талент на Пере и Брејк сиот свој потенцијал го покажува и женскиот дел на екипата. Неа и овој пат ја сочинуваат атрактивни убавици, манекенки и модели кои со своите раскошни телесни убавини совршено се вклопуваат во музичко-филмската приказна за „кризата на средните години“ што го мачи сиот машки свет во неговиот животен век, за која пеат Пере и Брејк во – „Дента кога наполнив 45“.

Автор на музиката е Никола Перевски Пере, стиховите ги напишал Игор Џамбазов, додека аранжманот го направиле Никола Перевски и Дарко Димитров. Финалниот микс, пост продукцијата и мастеринг ги направил Дарко Димитров. Извршен продуцент на видеото е Васко Павлевски, а видеоспотот  го режирал Огнен Шапковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот