ВИДЕО | Дебатата повторно отворена: Што пие Ѓоковиќ за време на натпреварите?

Фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Новак Ѓоковиќ денес избори пласман во четвртфиналето на Австралија Опен откако убедливо славеше против домашниот тенисер Де Минор, меѓутоа на социјалните мрежи се појави видео од второто коло на турнирот кое привлече внимание.

Српскиот тенисер во тоа второ коло беше подобар од францускиот тенисер Енцо Куако кого Новак го победи со 3:1.

На снимката која се рашири на социјалните мрежи може да се види како член на тимот на Ѓоковиќ му подготвува пијалок во шише, го етикетира и потоа му го предава на судијата кој му го дава на Ѓоковиќ.

@carofloresdenaya #novakdjokovic #australianopen2023 #ausopen2023 #AusOpen @Australian Open #ao2023 ♬ Mission Impossible (Main Theme) – Favorite Movie Songs

Откако Ѓоковиќ прочита што пишува на етикетата ја испи течноста. Ваквиот потег отвори прашање за кршење на тениските правила.

Претходно оваа тема беше актуелна кога Ѓоковиќ играше против Стефанос Циципас на мастерсот во Париз. Тогаш членовите на тимот на Ѓоковиќ беа снимени како исто така подготвуваат некаква течност, а еден од оние го го подготвуваа пијалокот остави впечаток како да сака да ги сокрие движењата од камерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот