ВИДЕО | Ѓоковиќ го прегази „домаќинот“ Де Минор за четвртфинале на Австралија Опен

фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Новак Ѓоковиќ лесно стигна до четвртфиналето на Австралија Опен откако денес беше убедлив против домашниот тенисер Де Минор. Ѓоковиќ славеше победа од 6:0 и тоа со 6:2, 6:1 и 6:2.

Првиот сет беше интересен само до резултат 2:2, Ѓоковиќ тогаш го зголеми ритамот и за нешто повеќе од 15 минтуи освои четири гема и стигна до 6:2. Во ист ритам Новак играше и во вториот сет, лесно го освои гемот на свој сервис и стигна до брејк за 2:0. Не застана тука српскиот тенисер и дојде до 5:0.

Де Минор сепак успеа да освои еден гем пред Ѓокович да поведе со 6:1. Сликата на теренот не се промени ниту во третиот сет, Ѓоковиќ продолжи да доминира и запиша нова победа.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Русинот Рубљов, тој меч се игра во среда најверојатно во девет часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот