ВИДЕО | Даниела Вестбрук ги покажа резултатите од операцијата за реконструкција на лицето, која ја направи во Дубаи
Даниела Вестбрук продолжува да го покажува својот нов изглед по обемната реконструкција на лицето, додека заздравува во Дубаи. Поранешната ѕвезда од „EastEnders“, 52-годишната Даниела Вестбрук, минатата недела направи сериозна хируршка интервенција во ОАЕ, а во неделата беше забележана како се релаксира покрај базен, пренесува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Операцијата била извршена во болницата „Gargash Hospital“ и вклучувала целосен лифтинг на лице, врат и веѓи, како и реконструкција на усните и носот.
Во минатото, Даниела имала повеќе реконструктивни зафати поради „пропаѓањето“ на лицето, последица од долгогодишна зависност од кокаин и борба со остеопороза. Пред неколку недели таа била итно хоспитализирана поради проблеми со дишењето, кои се поврзани со компликации од целосно колабираниот септум.
Нејзиниот хирург е д-р Парвиз Садиг, кој и претходно ја оперирал, а сега повторно се зафатил со најновата реконструкција на нејзиното лице.
Во објава на Инстаграм минатиот месец, Даниела напиша:
„Огромна љубов и почит до мојот неверојатен хирург@parvizsadigh за целиот негов труд. Секој ден растам и блескам. Благодарам и едвај чекам февруари за следната операција“.
Инаку, Даниела требаше да се појави во новиот филм „Tales From The Trap“, каде што требаше да глуми баба гангстерка што продава АК-47, но поради здравствените проблеми била заменета. Нејзината улога ја презела актерката Ким Тиди.
Извори блиски до актерката откриле дека таа била итно пренесена во болница поради сериозни проблеми со дишењето, што ја принудило да се повлече од снимањето.
Даниела се прослави на само 16 години со улогата во „EastEnders“, но поради проблеми со зависноста, нејзиниот договор бил раскинат и во 1996 година била отпишана од серијата.


