ВИДЕО | Д-р Караџовски: Здравствениот систем функционира, тестови има, лаборанти има, работиме по 16 часа

Д-р Жарко Караџовски / Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Факт е дека здравствениот систем функционира, рече д-р Караџовски.

Отвораме нови простории, приемни одделенија за земање тестови, така да гужвата на двата пункта ќе ја снема до утре сабајле, рече д-р Жарко Караџовски.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, дадоа изјава за медиумите пред Министерството за здравство.

-Тестови има, лаборанти има, дијагноститаката ќе ја прави Институтот за јавно здравје. Работиме и прва и втора смена, работиме по 16 часа, за да го надминеме овој проблем. Луѓето грешат сите доаѓаат во 8 часот наутро и затоа се создаваат гужви- рече д-р Караџовски.

Факт е дека здравствениот систем функционира, рече д-р Караџовски.

Ја очекувавме оваа ситуација, слична е состојбата во сите европски земји. Мора луѓето да покажат свесност. Доколку доследно се почитуваат мерките ќе има резултати– рече Филипче.

Се мобилизираат сите доктори за да помогнат во борбата со коронавирусот, вели Филипче.

-Обезбедени се повеќе тестови во повеќе институции, ќе се прават 350 повеќе тестирања во текот на денот- рече Филипче.

На новинарско прашање министерот потенцираше дека пациентите многу доцна се јавуваат на болничко лекување.

-Пациентите доаѓаат во болница многу касно, над 85 проценти од починатите пациенти имале претходни заболувања- рече министерот за здравство Венко Филипче.

ВИДЕО | Д-р Kараџовски револтиран: Ние не сме мафијаши, не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, чисти сме како солза!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот