ВИДЕО | Д-р Kараџовски револтиран: Ние не сме мафијаши, не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, чисти сме како солза!

Претседателот на Комисијата д-р Жарко Караџовски / Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски денеска пред Министерството за здравство рече дека никогаш со неговата фамилија не биле мафијаши, ниту дека се продаваат за ситни пари, истакнувајќи дека вози автомобил стар 18 години и нема хациенда како што пишувале некои медиуми, туку дека живее во двособен стан.

– Јас сум член на Комисијата за заразни болести од 1994 година, во континуитет 26 години. Било кој  да бил на власт, внатре во Комисијата имало исклучително професионалци од областа. Бевме обвинувани дека сме земале грдни пари, сме биле криминалци, мафијаши, дури сме се продавале за ситни пари. Бидејќи ова во срце ме чепна, јас и мојата фамилија ниту некогаш сме биле, ниту ќе бидеме мафијаши, ниту ќе бидеме корумпирани. Нека повелат сите, што немаат доверба во Комисијата, нека кажат свое ново мислиње, стручно. Не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, ниту на нашите семејства. Таму има професионалци со 30 години искуство. Ми кажаа дека имам баснословни пари. Имам автомобил паркиран тука, 18 години стар. Викаат дека сум корумпиран, нека дојде некој да ми покаже дали овој господин (Венко Филипче) ми потпишал нешто за да земам повеќе пари. Ние од Комисијата сме чисти како солза. Сме направиле 132 состанока, имаме аргументација од 50 страни. Затоа би сакал ова да отиде во медиумите, да не го скратите на 30 секунди- рече видно револтиран д-р Караџовски. 

За идните мерки кое ќе се преземат, д-р Караџовски рече дека Комисијата размислува три чекори пред Владата.

– На хартија имам ставено опција А, Б, Ц, Д. Некогаш кажувам дека имаме црно сценарио. Во моментов предложените мерките е крајно време да се усвојат, имаме состојба слична на полициски час. Не се предаваме сега, имаме време за тоа. Никој од нас не се радува да донесе таква одлука. Ќе се наруши психичкото здравје на луѓето, се ремети социјалниот живот – рече д-р Караџовски. 

Не сакаме да прибегнеме кон најтешките мерки, вели д-р Караџовски.

ВИДЕО | Д-р Караџовски: Здравствениот систем функционира, тестови има, лаборанти има, работиме по 16 часа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот