ВИДЕО: Циципас преку Синер во полуфиналето на „Австралија опен“

Стефанос Циципас по третпат во кариерата ќе игра полуфинале на „Австралија опен“/Мелбурн, Австралија/26 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

И најдобриот грчки тенисер ќе се бори за место во големото финале на првиот грен слем годинава кој се одржува во Мелбурн, Австралија.

Стефанос Циципас денеска рутински го совлада италијанскиот натпреварувач Јаник Синер со резултат 3:0 во сетови 6:3, 6:4 и 6:2 за нешто помалку од два часа.

Циципас го заврши мечот со 30 „винери“ и 28 неизнудени грешки. Ни една „брејк“ топка не му дозволи на 10. тенисер на светот, додека сите свои четири ги искористи.

Гркот по третпат во својата кареира ќе игра во полуфиналето на „Австралија опен“. Минатата година подобар од него беше Данил Медведев, а во 2019 година загуби од Рафаел Надал. За пласман во големото финале Циципас ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Феликс Оже-Алијасим (Канада) – Данил Медведев (Русија).

Веќе е познато дека во полуфиналето на „АО“ силите ќе ги одмерат Матео Беретини (Италија) и Рафаел Надал (Шпанија).

Исто така и во женска конкуренција ги дознавме полуфиналните двојки: Ешли Барди (Австралија) – Медисон Кијз (САД) и Дениел Роуз Колинс (САД) – Ига Швјонтек (Полска). Колинс со 7:5 и 6:1 ја елиминираше Французинката Ализе Корне, додека Швјонтек со пресврт 4:6, 7:6 (2) и 6:3 ја совлада Каја Канепи од Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот